Јорго Огненоски: Автопатот за Охрид СДСМ и ВМРО ќе го доградат кога автомобилите ќе почнат да летаат

Имаме повеќе проблеми во Охрид, но ќе спомнам некои од поважните.

Број еден: И двете владејачки партии веќе осум години зборуваат дека ќе се изгради некој си покриен базен но за жал тој базен се гради со години и од тоа нема ништо. Останато е само столбови од цименто.

Со години се гради автопатот. Јас доаѓам и живеев многу години во Америка, многу повеќе од 30 години. Ја пратам ситуацијата. Секој граѓанин во Македонија знае ние за брзо ќе имаме коли кои што ќе летаат, така да извесно време нас патот нема да ни биде потребен. Зборуваме како демократи и подобро е да не го градат.

Друга работа што во Охрид е една од најголемите катастрофи а нас УНЕСКО секојдневно ни укажува да го средиме проблемот е со дивоградбите. Се уништува брегот на езерото, се градат дивоградби кој ќе стигне, се гради исто така и во градот. Ние мора тоа да го спречиме. Во Охрид покрај брегот исто има доста ресторани, кафичи кои што последните години плаќале 500 евра годишно концесија или некој не плаќале. Сакам да кажам сега веќе во овој момент има десетина активни дивоградби кои што се градат во Охрид а постои мораториум да не може да се гради ништо.

Каде се тие инспектори? Каде е власта? Каде е градоначалникот. Градоначалникот еднаш изјави дека му било страв да се расправа со дивоградбите. Ако е тоа точна изјава тогаш зошто сте се нафатиле да бидете градоначалник. Зошто вас ви е страв? Од кого ви е страв кога вашата партија е на власт?

Имаме база која што е на 200-300 метри, база на цимент кој што градат и не можам да сватам кој му дозволи. Сега се слуша дека од непознат сторител базата била изградена. Од непознат сторител! Па тоа не е ливче фрлено на улица па не знаеме кој го фрлил.

Доста не’ лажат, доста не’ упропастуваат. Животот ни го уништија. Јас толку време не живеев овде, кога дојдов бев зачуден. Што ние молчиме? На кого му молчиме? На луѓето кои што не’ уништуваат?!

Не смееме повеќе. Затоа последен пат ве повикувам, гласајте за “Демократи” заедно здружетесе да креираме функционална држава.

Заокружете број 2. Да живее Македонија, истакна Јорго Огненоски од политичката партија “Демократи”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *