НОВИ МЕРКИ ЗА КОМПАНИИТЕ ЗА ПОЛЕСНО ДА ЈА НАДМИНАТ КОРОНА КРИЗАТА.

Дополнителни 6 милиони евра , покрај вчера најавените 5,7 милиони  од денеска им се достапни на фирмите за полесно да ја надминат корона кризата .  За поволните ,   бескаматни кредити  можат да аплицираат сите компании, но приоритет ќе имаат од транспортниот, услужниот и туристичкиот сектор. Се бараат и дополнителни пари од надвор, за да се зголеми ликвидноста  и да  се спречат отпуштања  од работа, вели министерката Ангеловска.  Вкупно , на стопанството ќе му бидат ставени на располагање околу 100  милиони евра.

 Нашата задача како Влада е да им помогнеме на компаниите да го премостат овој проблем. Ако ги собереме бројките зборувам за околу 100 милиони евра, а дали уште ќе бидат ставени и дали ќе се воведат дополнителни мерки – да откако ќе процениме кои се тие што ќе дадат максимум со оптималните можности кои ќе го одржат ликвиден буџетот. Преку буџетот не можеме да ги исплатиме платите за три месеца на целото стопанство и да му ги затвориме долговите, а тоа не може да го направи никоја земја. Нашата задача е да направиме се што можеме. Правиме анализи и сценарија на дневна база бидејќи постојано се менуваат условите. Толку е непозната траекторијата што ни ММФ не излегол со квантицифирана бројка колку ќе бидат штетите. Затоа ние побаравме помош за да се проценат не самократкорочните туку и долгорочните ефекти, посочи Ангеловска и додаде дека се во постојан контакт со коморите за изработка на нови мерки за стопанството.

Се  преговара  и со банките за да дозволат одложено плаќање на ратите за кредит., најверојатно ќе се дозволи моратоторум на обврските во рок од 3 месеци. Бизнисот побара и непречен проток на основите производи и репроматеријали, како и ослободување од царини на неопходните суровини, вклучувајќи ги и заштитните маски  и средства за дезинфекција.

Се прават напори за побрз проток на транспортерите, и покрај епидемиолошките услови кои треба да ги исполнат, за да бидат пропуштени во одредена земја.

Министерот Бектеши  по средбата со производителите на прехранбената индустрија уште еднаш побара да се купува панично, да не се трупаат залихи, храна има и ќе има доволно. Трговците кои ќе ги зголемат цените и сакаат да профитираат и покрај одлуката за  замрзнување , ќе се соочат со парични казни од 5 илјади евра, како и казна затвор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *