Коалицијата Алијансата за Албанците и Алтернатива ги објавија кандидатските листи за пратеници за парламентарните избори.

Во првата изборна единица носител ќе биде Генарлниот секретар на Алтернатива, Скендер Реџепи. Во втората изборна единица носител е претседателот на Алтернатива, Африм Гаши.

Лекарот Беким Татеши ќе биде носител во третата изборна единица додека коалицијата ќе има кандидатска листа и во четвртата изборна единица, додека носител ќе биде Фатмир Меџити.

Во петтата изборна единица носител ќе биде досегашниот пратеник на Алијансата за Албанците, Сурија Рашиди, додека лидерот на Алијансата, Зијадин Села ќе биде носител во шестата изборна единица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *