Градоначалникот Стојаноски на прославата на Денот на Котор

Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски денес присуствуваше како гостин на прославата на „Денот на Котор“ како гостин на градоначалникот на Котор, Владимир Јокиќ.

Денот на општината Котор традиционално и оваа година се одбележа со дефиле на  оркестарот „Градска музика“ по улиците на градот и полагање на венец на споменикот на паднатите борци во ослободувањето на градот.

Традиционално потоа следуваше свечен рапорт на адмиралот на „Бокељска морнарица“ Антун Сбутега и симболичното предавање на знамето од страна на Градоначалникот на Котор Владимир Јокиќ.

На пладне Бокељска морнарица на градскиот плоштад го изигра традиционалното оро во кое на крај според традицијата влегуваат и челниците на градот Котор.

На свечената седница која се одржа во црквата на Светиот Дух беше доделена и највисоката градска награда на Котор која годинава ја доби Проф. Др. Илија Лалоѓевиќ за ангажман на заштитата на Которската тврдина , посевно за неговиот личен придонес во впишувањето на оваа тврдина на листата на културни наследства на УНЕСКО.

Постхумно наградата „21 Ноември„ е доделена и на Душко Баља Радевиќ , фризер , едукатор и уметнички директор на „Ревлон“ и човек кој инспирација наоѓал во легендите на Котор и Бока Которска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *