Големата Барса доаѓа во Охрид – потврден кампот од 21 до 28 август

Од 21 до 28 август на терените од спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ во Охрид фудбалскиот гигант Барселона ќе одржи летен камп, на кој се очекуваат да учествуваат од 350 до 400 фудбалерчиња од секоја возраст.

Градот Охрид, терените и условите поминаа на тестот во месец февруари, откако на лице место помина делегација од Шпанија предводена од Ињаки Гонзало и министерот за странски инвестиции, Горан Мицковски и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. За најдобрите учесници на овој камп, согласно правилата на Барселона, ќе биде овозможено учевство на централниот камп на каталонците на Ноу Камп и дружење со фудбалските ѕвезди на овој клуб.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *