Акција за подигнување кабаст отпад населба Карабегомала и Христо Узунов

Акција кабаст отпад У.З.10 и У.З.6 Горна Влашка маала, населба Христо Узунов и Карабегомаала 03.06.2023 год.(сабота)

Ј.П.„Охридски Kомуналец” на ден 03.06.2023 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) од У.З.10 и У.З.6 Горна Влашка маала, населба Христо Узунов и Карабегомаала

Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 03.06.2023 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот
‼Кабастиот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или други пристапни места предвидени за подигнување комунален отпад