Георгиески: Лага и чиста политичка манипулација се фотографиите објавени на социјалните мрежи

Лага и чиста политичка манипулација се информациите и фотографиите кои попладнево беа објавени на социјалните мрежи, во врска со градежните работи за проширување на улицата “Кирил и Методиј” заради оформување на поголем број паркинг места, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.
Градоначалникот во објавата додава:

🚧Поради специфичната конфигурација на теренот, во делот на постоечкиот дрворед најпрво е извршено асфалтирање, по што веднаш е извршено отсекување на асфалтот и оформување на соодветен простор околу дрвјата.
📢Недозволиво и неетичко е да се критикуваат градежни активности кои сеуште се во тек! Затоа упатувам апел до опозицијата и носителите на јавни функции, да не ја дезинформираат јавноста на штета на имиџот на градот. Наместо да бидат дежурни пишувачи на социјалните мрежи нека дадат придонес во креирање на политики кои се во интерес на градот и граѓаните кои ги избрале.
➡️Додека тие се занимаваат со неосновани обвинувања, ние продолжуваме континуирано и интензивно да работиме на подобрување на инфраструктурата и да реализираме проекти кои се во интерес на Охрид.

https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FKonstantinGeorgieski7%2Fposts%2F854756505129954&show_text=true&width=500