Тешко повредена 71 годишна велосипедистка во Охрид, откако во неа удрил автомобил

Вчера На крстосницата на улицата „Железничка“ со улицата „Будва“ во Охрид, патничко возило „опел“ управувано од В.Н.(34) од Охрид удрило во велосипед со кој управувла Е.А. (71), при што велосипедистката се здобила со тешки телесни повреди.

Од МВР информираат дека по незгодата велосипедистката е пренесена во Општа болница Охрид за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Охрид.