Во Германија се случува „Бејби бум“

Повеќе од 65.000 бебиња се родени во Германија во март 2021 година, што е најмногу во повеќе од две децении, објавија германските медиуми. Германските медиуми коментираат дека тоа најверојатно се должи на пандемијата на коронавирус, кога многумина останаа затворени во своите домови подолг период.

Според првичните податоци на Федералниот завод за статистика, во март 2021 година, мајките во Германија родиле вкупно 65.903 деца. Последен пат во март имало повеќе од 65.000 раѓања во далечната 1998 година.

Бројот на раѓања во март годинава се зголеми за околу 5.900, или за 10 проценти, во споредба со истиот период лани. Сличен тренд е забележан и во голем број други европски земји.

Newborn baby boy in his small transparent portable hospital bed