Првите ефекти од заштедата на електрична енергија видливи во ЈП “Градски гробишта”

За релативно краток период ЈП “Градски гробишта” може да се пофали со ниска сметка за електрична енергија, по само три месечно домаќинско искористување на електричната енергија од страна на сончевите панели кои ги поставија .

Колку за споредба, во периодот од април месец 2017 година фактурата за електрична енергија била над 55 илјади денари на ова претпријатие. Во истиот период , април месец 2021 година , фактурата за електрична енергија е 7 600 денари.

Заштедата е евидентна со оглед на тоа што станува збор за јавно претпријатие кое е приклучено на индустриски трошок, а крајниот исход е минимален.

Како што и најави првиот човек на ова јавно претрпијатие Ванчо Костоски, целта на поставувањето и искористувањето на сончевата енергија преку фотоволтаичната централа е веќе постигната, минимална искористеност и заштеда во електричната енергија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *