(ФОТО) При уривањето на дивоградбите на плажите откриени едни од најголемите загадувачи на Езерото, канализационите цефки со фекалии биле насочени директно во Езерото

Локалната самоуправа цврсто е решена да стави крај на узурпацијата на крајбрежјето во Охрид. Активно се спроведува акцијата која ја најави градоначалникот Константин Георгиески за уривање на дивопоставената урбана опрема на плажите.

При уривањето се откри дека т.н. уредени плажи биле едни од најголемите загадувачи на Езерото. Канализационите цефки со фекалии биле насочени директно во Езерото.

Акцијата за Спас на Охрид во УНЕСКО, која ја спроведува Локалната самоуправа со поддршка на Владата е силно поддржана од граѓаните.

Граѓаните коментираат дека оваа акција е почеток на ставањето ред во хаосот со дивоградбите во Охрид.

Како што неодамна изјави градоначалникот за оваа акција предвидени се дополнителни 3 милиони денари за уредување на плажите. Ќе се ангажираа од ЈП Охридски комуналец дополнителни работници кои ќе се ангажирани само за одржување на плажите.

„ Мислам дека оваа сезона конечно ќе воведеме ред во функционирањето на плажите. Во минатото имаше случаи каде се поставувани лежалки, препреки за да се наплаќа паркинг при паркирањето во близина на плажите. Тоа оваа година ќе го завршиме. Сите плажи од Метропол спрема Пештани, ќе бидат отстранети по велигденските празници. Додека плажите во опфат на ДУП-от, ќе мора да се отстранат. Во иднина, во однос на стопанисувањето, се прави урбанистички план. Ќе биде согласно сите критериуми. Општината ќе распишува изнајмување на тој простор, но треба да сфатиме дека тоа ќе бидат плажи, а не објекти од траен или времен карактер“, истакна Георгиевски.

Инаку акцијата на локалната за уривање на дивоградби по плажите ќе продолжи и во Урбаната зона на Охрид и во Стариот дел на градот.

извор : News1.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *