ВО САМО ДВА ДЕНА 500 МАКЕДОНЦИ ВАКЦИНИРАНИ ВО СРБИЈА

Во последните два дена над 500 граѓани на Македонија примиле вакцина против корона вирус во Врање- Србија, каде низ улиците во градот се појавија и билборди со благодарност, како што јавуваат српските медиуми.

Имено, Билбродите ги поставиле Српскиот културно-информативен центар Спона од Скопје, граѓани од Македонија и Радио Бубамара од Скопје и вакви билброди имало на неколку локации во Врање. Српските медиуми секојдневно јавуваат за вакцинирање на граѓани од Македонија, особено во Врање, но и во другите поголеми градови во Србија.

Според информациите на Министерството за здравство досега вакцинирани се 58.900 граѓани, а во оваа бројка не се пресметани вакцинираните граѓани во Србија. Пријавени за вакцинација се над 200 илјади граѓани. Утринава по неколку-месечни најави пристигнаа 200.000 кинески вакцини со кои би требало да се забрза процесот на имунизација во земјава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *