Угостителите бараат итно укинување на забраната за организирање на семејни прослави.

Или да се дозволи организирање на прослави, свадби, или угостителите ќе излезат на протести, затоа што им е загрозен опстанокот.  Угостителите бараат итно укинување на забраната за организирање на семејни прослави.

Тие денеска се заканија со блокади на улиците и масовен протест следната недела ако не добијат дозвола за работа. Угостителите  објаснуваат дека еднократниот грант кој минатата недела го добија од државата не е доволен. Со оваа помош не можат да ги платат основните трошоци.  На протестот ќе им дадат поддршка музичарите, фотографите и сите повразани дејности кои поради немањето протоколи за работа скоро една година не работат. Велат дека тие се единствени во регионот кои се во ваква неповолна состојба.

Во земјава процесот на вакцинација против коронавирусот не е почнат. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *