Каневчев: ДОСТОИНСТВО се проширува во Охрид

Коалицијата МОЖЕМЕ, предводена од СДСМ, и повеќе од јасно е дека не е само морален, туку и сигурен победник на престојните парламентарни избори што ќе се одржат во среда на 15 јули од причина што Македонија конечно после 30 години самостојност и суверенеост застана на вистинскиот пат, рамо до рамо со сите европски држави и членки на НАТО, а народот тоа јасно го гледа и го знае.
Како дел од оваа коалиција е и партијата ДОСТОИНСТВО која од здружение, па покасно и политичка партија во која членуваа пред се бранителите од конфликтот во 2001 година, полека преминува во граѓанска партија, а се повеќе од ден на ден во неа преминува и членството од Обединети за Македонија, партија која речиси и згаснува од политичката сцена, но идејата ВМРО за МАКЕДОНИЈА каде и двете партии заедно со ВМРО НП, иако на минатите парламентарни избори не влегоа со свои претставници во Собранието на РСМ, сепак беа сериозен фактор во рушење на 11 годишниот режим на ДПМНЕ и на Груевски му зададоа тежок удар на истите.
Поранешното општинско раководство на ОМ од Охрид беа меѓу првите кои уште пред повеќе од една година ја напуштија партијата, пред се поради внатрешните несогласувања, но во ниеден момент не ја напуштија идејата и каузата на вистинската десница, на изворното ВМРО која беше, а и во наредните 4 години ќе биде дел од Власта, предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев.
Денес во Охрид на средбата која се оствари помеѓу поранешниот општински претседател на ОМ, Владимир Каневчев и Марјан Огњановски, поранешен потпретседател на ОМ, а сега член во највисокото раководство на Достоинство и секако на онланј линк со претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов, се направија и првите чекори и стратегијата за понатамошното дејствување на ДОСТОИНСТВО во Охрид. На 15 јули ПОБЕДУВАМЕ, затоа што МОЖЕМЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *