46 НОВИ СЛУЧАИ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19,Починаа 2 лица

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти. Едниот пациент на возраст од 70 години од Куманово кој од коморбидитети имал хипертензија и срцева слабост, неговиот резултат на Ковид-19 се уште не е готов. Другиот е пациент на возраст од 68 години, од село во околината на Тетово, кој имал артериска хипертензија. Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, со два контролни негативни теста на Ковид-19 се испишани тројца пациенти кои се во добра здравствена состојба и тие заминуваат дома.

Во изминатите 24 часа регистрирани се 46 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје-13, Куманово-23, Дебар-2, Прилеп-1, Тетово-2, Велес-2, Гостивар -1, Гевгелија -2. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 430 лица. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје – 208 Куманово -85 Дебар – 49 Штип-15 Прилеп – 22 Тетово – 15 Струга – 9 Велес – 8 Битола – 4 Охрид – 3 Кавадарци – 2 Гостивар – 2 Гевглелија – 4 Струмица – 1 Крива Паланка- 2 Кочани – 1.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *