Филипче: Нови 26 случаи на коронавирус, уште еден починат пациент, девет излекувани.

„Информираме дека утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент на 79 години, од Дебар. Пациентот е дијагностициран позитивен на Ковид-19 на 23 март, а со влошена здравствена состојба хоспитализиран на клиниката во Скопје на 25 март“,

соопшти Филипче.

Девет пациенти, пак, се излекувани и испишани од болничко лекување.

„Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се испишани 9 пациенти (8 од Дебар и 1 од Скопје) кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Нивната здравствена состојба е добра и тие заминаа дома“,

вели Филипче.


За новите регистрирани 26 случаи, посочува тој, целосен преглед за состојбата по градови ќе испратат дополнително бидејќи дел од потврдените се со работа во Скопје, но место на живеење во друг град, а анкетите се се уште во тек.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *