ОД ИДНАТА НЕДЕЛА (ONLINE) ПРЕДАВАЊА НА СИТЕ ФАКУЛТЕТИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Министерот за образование и наука Арбр Адеми, денеска на прес-конференцијата рече дека имале разговори со сите факултети приватни и државни, и се договориле од идната недела да има он-лајн настава.

Online Учење на Сите Факултети…

„Во следните денови се договоривме сите факултети да направат максимални напори во одредена форма за он-лајн настава во интерес за нашата настава. Ова е практика и начин на настава која голем дел од нашите факултети ја применуваат, не само сега, туку и во нормалното функционирање. Станува збор за граѓани кои што веќе ги имаат совладано ИТ вештини, за разлика од помалите деца кои ги немаат совладано овие вештини, и секако им е потешко“, рече Адеми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *