Владата Бара Прогласување Вонредна Состојба

Оливер Спасовски : Утре ќе бидат донесени првите владини одлуки за рестриктивни мерки.

Ограничување на движењето на граѓаните, ограничување на собирите повеќе од сега, ограничување на некоја работа, се само некои од мерките кои можеби ќе бидат донесени.

„Ова е тешка состојба во која прв пат се наоѓаме и која не обврзува сите, и институции и граѓани и стопанство и медиуми, да бидеме заедно за да ја добиеме битката. Сите сме одговорни. Мора да се почитуваат владините одлуки, секој да понесе дел од одговорноста за справување со коронавирусот. Воведувањето вонредна состојба всушност ги концентрира сите инструменти на ефикасност во Владата. Се остава простор за носење уредби со законска сила, да се променат одредени законски решенија во функција на справување со коронавирусот“.

Владата Бара Прогласување Вонредна Состојба
Прогласена е Вонредна Состојба

Зависно од условите, вонредната состојба може да се продолжи и по 30 дена. Според него, има доволно залихи на храна во маркетите и во државните резерви. Транспорот на стоки не е запрен, има посебни протоколи договорени со државите во регионот. Нема да запре ниту производството, ниту размената на стоки, туку напротив, ќе биде набавено се’ што е потребно. Здравствениот систем има капацитет да се справи со ситуацијата и засега тоа одлично го прави. Паралелно, се води сметка и за економијата, а на стопанството мора да му се помогне.

„Можно е да имаме повеќе болни со оглед на очекувањата дека вирусот ќе се шири. Затоа треба да бидеме подготвени, а ако сме свесни дека здравјето и животот се најважни, најмалку што можеме да напрваиме е да останеме дома“,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *