Трамп нудел 1 милијарда долари за вакцина за коронавирусот

Администрација на американскиот претседател Доналд Трамп и нудела на германската компанија CureVac (КјурВак) една милијарда долари за продажба на ексклузивните права на вакцина за коронавирус само на територијата на САД.

Претседателот Трамп разговарал со научници од компанијата и им нудел да работат за неговата земја, јави весникот Велт. Лукративната понуда на Трамп вредна 1 милијарда долари била експлицитно упатена со цел да се обезбеди идната вакцина „само за САД“, пишува весникот повикувајќи се на извори во германската влада.
Германското министерство за здравство попладнево го потврди извештајот на Велт, и дополни дека се прават напори вакцината да остане на европско тло. Германската влада се спротивставила на понудата од САД со сопствена понуда на финансиски поволности со цел фирмата да остане во земјата.
„Германската влада е многу заинтересирана развојот на вакцините и третманите против новиот коронавирус да се реализираат во Германија и Европа“, вели портпаролот на германското министерство за здравство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *