Од Петок се очекува постабилно и потопло време

Во Охрид ќе биде променливо облачно од претпладне со локален дожд, а од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер и услови за појава на град.

Во следните денови ќе продолжи влијанието на циклонска активност од Медитеранот и над Балканот па ќе се задржи променливо, повремено и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилни врнежи, грмежи, засилен ветер и појава на град. Од петок се очекува постабилно и значително потопло време.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *