МАПА : ЗЕМЈИ СО НАЈГОЛЕМИ РЕЗЕРВИ НА НАФТА

Нема сомневање дека обновливите извори на енергија ќе играат стратешка улога во напојувањето на електрична енергија во светот.

Но засега, суровата нафта е се уште неприкосновен шампион во тешка категорија во енергетскиот свет.

 

Во 2018 година, потрошивме повеќе нафта од било која претходна година во историјата – околу 99,3 милиони барели дневно на глобално ниво. Се предвидува овој број да се зголеми повторно во 2019 година на 100,8 милиони барели дневно.

Нафтата и натаму ќе биде доминантна во енергетскиот микс на краток и среден рок, но во кои земји има најмногу резерви на нафта?

Денешната мапа доаѓа од HowMuch.net и користи податоци од CIA World Factbook за да ги покаже земјите што поседуваат најголеми резерви на нафта.

Еве ги податоците за првите 15 земји:

nafta

 

Венецуела е на врвот на листата со 300,9 милијарди барели нафта во резерви – но дури и ова огромно богатство во природните ресурси не беше доволно за да се спаси земјата од неодамнешната економска и хуманитарна криза.

Саудиска Арабија, земја позната по својата нафтена доминација, го зазема второто место со 266,5 милијарди барели нафта. Во меѓувреме, Канада и САД се наоѓаат на трето (169,7 милијарди барели) и 11-то место(36,5 милијарди барели).

Трошоци за производство

И покрај тоа што некои земји имаат милијарди барели нафта, кој е стратешки подарок од мајката природа, вреди да се напомене дека резервите се само еден фактор во проценувањето на потенцијалната вредност на овој клучен ресурс.

Во Саудиска Арабија, на пример, трошоците за производство на нафта се околу 3,00 долари за барел, што го прави црното злато поволно да се произведе по речиси секоја можна цена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *