НАЈМЛАДИОТ МИЛИОНЕР ВО МАКЕДОНИЈА ИМА 15 ГОДИНИ, ОД ДРУГА СТРАНА НАЈВОЗРАСНИОТ МИЛИОНЕР ВО ЗЕМЈАВА ИМА 98 ГОДИНИ.

Петнаесет годишен жител на земјава заработил близу шеснаесет и пол илјади евра и со тоа е најмладиот милионер во државата доколку сумата се претвори во националната валута – денар. Од друга страна највозрасниот милионер во земјава има 98 години. УЈП денеска ги објави и останатите највисоки остварени приходи за 2017-та година. Рекордот за висината на  годишните приходи го држи жител на Скопје кој во УЈП пријавил 3,5 милиони евра бруто приход.

„Највисоката бруто плата во 2017-тта исплатена е во секторот здравство, изнесува сто шеесет и седум милиони шестотини осумдесет и седум илјади и единаесет денари. Во истата година, највисокото дополнително примање и надоместок од работен однос изнесува четириесет и шест милиони триста и седум илјади осумстотини деведесет и осум денари на годишно ниво“, рече Сања Лукаревска, директорка на УЈП.

Податоците на УЈП покажуваат дека пензионерите од Скопје и Битола најдобро заработуваат. Тие освен пензија добиваат приходи и по друг основ. Жител на Тетово пак имал најмногу добивка во игрите на среќа  како лото, обложување или казино, за цела година пријавил дека добил 162 илјади евра.

„Што се однесува до највисоката капитална добивка остварена е од граѓанин на Прилеп и изнесува четириесет и три милиони деветстотини и седумдесет и три илјади и петстотини денари“, додава Лукаревска.

И натаму фармацијата и информатичкиот сектор се работните места каде се исплатуваат највисоките плати. Инаку, речиси 46 илјади граѓани во 2017-тта поднеле Годишна даночна пријава. Нешто над 24 илјади граѓани имаат годишни бруто-приходи од над еден милион денари, додека најголемиот дел од граѓаните или 438 илјади оствариле бруто приходи кои се движат од 100 илјади до еден милиони денари на годишно ниво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *