ВО ОЕМУЦ “СВ НАУМ ОХРИДСКИ” ЕДЕН УЧЕНИК ЗАРАЗЕН ОД ШУГА…

Најмалку еден ученик од ЕМУЦ Св. Наум Охридски е заразен од шуга, потврдуваат за Скопје 1 од една од здравствените установи во Охрид. Соучениците биле пуштени дома, затоа што училницата  и училиштето се дезинфицира во моментов.

Скопје 1 се обрати и до локалната самоуправа, од каде не информираа дека информацијата ја дознале од нас. Тие велат дека до овој момент никој од училиштето не ги информирал.

Дијагнозата била констатирана пред два дена, кај родител и ученик. Дознаваме дека утрово бил дезинфициран домот на ученикот.  Според прописите сите лица со кои бил ученикот во контакт мора да одат на прегледи. Тоа значи дека сите ученици и вработени во училиштето, како и сите со кои заразениот/заразената биле во контакт овој период.

Но, се наметнува прашањето, зошто раководството на училиштето не ја информирало локалната самоуправа за овој проблем?

На ова прашање ќе мора деновиве одговор да дадат одговорните лица од ОЕМУЦ Св. Наум Охридски.

Повеќе на https://time.mk/r/c/a737b1d4e1/

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *