ЗНАМЕТО НА НАТО И ОФИЦИЈАЛНО ПОДИГНАТОПРЕД ЗГРАДАТА НА ВЛАДАТА.

Знамето на НАТО и официјално подигнато пред зградата на Влада заедно со македонското . На свечената церемонија со интонирање на химната пред присутните министри ,претставници на дипломатскиот кор, пратеници но и претставници на албанскиот опозициски блок се обрати премиерот Зоран Заев . Неколку пати го спомна и новото име Р. Северна Македонија со кое земјата и официјално ќе стане 30 та членка на алијансата.

Голем дел од заслугите во своето обраќање Заев ги препиша на име на поранешните претседатели Киро Глигоров , Борис Трајковски и Бранко Црвенковски , но им се заблагодари и на македонските граѓани и пратеници во домашнииот и грчкиот парламент кои дадоа и се уште како што рече даваат придонес на патот на земјата кон нејзините евроатлански процеси.

Иако премиерот Заев го спомна и поранешниот претседател Бранко Црвенковски сепак тој не се појави на церемонијата, не се појави ниту актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов од чиј кабинет дадоа образложение дека поканата стигнала дури откако церемонијата била во завршна фаза . Меѓу присутните не беше ниту лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски кој поради доцна пристигнатата покана како што велат од партијата немал време да ги одложи останатите ангажмани. Не додје ниту првиот човек на ДУИ Али Ахмети. Образложението од неговата партија беше оти имал премногу набиена агенда а поканата најпрвин стигнала во собранието и тешко било да се изменаџира да ги откаже останатите обврски но како што велат од Мала Речица заслугите на Ахмети за интеграциите на земјата во ЕУ и НАТО се големи и натаму ќе продолжат . Од Владата дообјаснија оти сите уредно биле поканети а причините поради нивните отсуства ги адресираа токму на адреса на оние кои што не се појавија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *