Листа на СДСМ со кандидати за можен Претседател!

 

Според изворите на OhridVest, ова се само некои од имињата предложени од премиерот Зоран Заев, за можен консензуален Претседател за претстојните претседателки избори. Премиерот најави внатрепартиска дебата, која ќе се претвори во пошироки консултации со владините коалициони партнери. За утре вечер закажан е состанок на Централниот одбор, а една од темите ќе биде токму ова.

Имер Селмани е изненаден што неговото име се споменува како можен кандидат за Претседател. Додава дека досега не бил контактиран од ДУИ или СДСМ за оваа тема.

„Има анализи на рејтингот на одредени лица кои ги прават политичките партии, особено оние што ги прават политичките партии на власт. Знам дека моето име кружи како едно од тие имиња, но лично бев изненаден што сум рангиран како еден од можните кандидати. Но, јас како Имер Селмани, сѐ уште немам разговарано со ниту една политичка партија за да се кандидирам како можен кандидат“, изјави Имер Селмани – поранешен кандидат за Претседател.

И министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се спомнува како можен кандидат за Претседател. Спасовски со став дека одлуката ќе биде донесена во партиските органи.

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, вели дека неговата партија ќе излезе со свој кандидат. Идејата на ДУИ за консензуален кандидат ја нарече „обид за избегнување одговорност поради изборот на Иванов за Претседател“.

„Тие не бараат консензуален кандидат, туку само го користат овој термин, иако премиерот Заев ова го оспори јавно и рече дека кандидатот на СДСМ ќе биде од СДСМ. Тие поддржувајќи кандидат на политички субјект, сакаат да го прикријат фактот дека тие го избраа директно, принудувајќи ги Албанците да го бојкотираат Ѓорге Иванов, како Претседател на државата. Тие се одговорни за сѐ што не направи господинот Иванов“, изјави Зијадин Села – Претседател на Алијанса за Албаците.

Од ДУИ остануваат на ставот дека Денко Малевски е најсериозниот кандидат за консензуален Претседател на Македонија, но сѐ уште не одлучиле дефинитивно. Засега официјална е само кандидатурата на Владимир Ѓорчев до партиските органи на ВМРО-ДПМНЕ, која преку конвенција ќе го одбере својот кандидат. Инаку, се очекува претседателот на Собранието, Талат Џафери да ги распише претседателските избори на 8-ми февруари, а првиот круг да се одржи на 21 април годинава.

РАДМИЛА ШЕКЕРИНСКА, НИКОЛА ДИМИТРОВ, ИМЕР СЕЛМАНИ, ОЛИВЕР СПАСОВСКИ, ДЕНКО МАЛЕВСКИ, СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ, ТЕУТА АРИФИ, ТАКИ ФИТИ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *