ЈП “ГРАДСКИ ГРОБИШТА“ ОЧЕКУВА ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА ДА ГО ПОДМИРИ ЦЕЛИОТ НАСЛЕДЕН ДОЛГ

На стабилни нозе застанува Јавното Претпријатие “Градски гробишта “. Менаџерскиот тим на претпријатието поставен од страна на градоначалникот Никола Бакрачески за период од една година и два месеци успеало да врати 60% односно 6 милиони денари од наследениот долг тежок 10 милиони денари. Со ова претпријатието е на добар пат и се очекува до крајот на годинава целосно да ги врати старите наследени долгови . Јавното претпријатие од како е променато раководството редовно ги измирува новите тековни обврски – плати, придонеси, трошоци за работење, и не создава нови долгови, па со враќањето на старите се очекува до крајот на оваа календарска година, претпријатието да дојде во позитива.
Овој голем успех и пресврт во работата на претпријатието кое беше затекнато во крајно тешка финансиска состојба и организациски хаос за што знае и целата охридска јавност се должи на неколку мерки кои ги презеде раководството , рече на денешната прес конференција директорот на ЈП “Градски гробишта“, Зоран Симоноски кој објасни за чекорите кои допринеле за излегување од финансиската криза .
-Отворање на нови работи ангажмани кои ни ги обезбеди Општина Охрид и за кои редовно ги измирува обврските кон претпријатието и по кој основ се фактурирани околу 4 милиони и 500 илјади денари. Значајно е и отворање наплатен и инфо пункт во центарот на градот, после чие отворање наплатата се зголеми за околу 20 %. Започнавме со производство на свои производи ( украсни столбчиња, бетоснки плочки и рабници ).Откриени се , фактурирани и наплатени гробни места и влезови за споменици и дурги услуги кои не беа евидентирани и наплатени. Откриени и ажурирани се податоци за над 600 пасивни сметки, истакна Симоноски кој укажа и на кадровските промени во претпријатието и спроведувањето на ред и дисциплина при работењето.
Во битните чекори кои допринеле за успешно работење на претпријатието во изминатава година и два месеци се мерки за драстично намалување на трошоците и зголемување на наплатата. Битен прилив на пари претпријатието добило и од издавање на ресторанот кој е во непосредна близина на охридските гробишта, како и од тезгите за продажба на цвеќе.
– Од издавање на ресторанот инкасирани се 1 милион 786 илјади и 992 денари за разлика од претходно кога од ресторанот се инкасираа 720 000 денари, што е повисока сума од над 1 милион денари. Од тезгите за цвеќе се инкасирани 1 милион 870 илјади денари, за разлика од претходната година кога од истите тезги се инкасирале само 280 илјади денари, објасни директорот Симоноски.
Иако намалената цена за гробарина за 120 денари по гробно место, не одеше во прилог на буџетот на претпријатието, менаџерскиот тим застана зад и ја поздрави оваа одлука на градскиот совет која беше позитивна за џебот на охриѓани. Иако намалената цена на гробните места за 12 % во просек, го намали приходот на претпријатието за околу 2 милиони денари истото и со овој помал приход успешно ги исплаќа старите долгови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *