ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ НА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА БЕГАЛСКАТА КРИЗА

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески учествува на меѓународната конференција за градоначалници посветена  на бегалската криза,  што вчера и денес се одржува во Виена,Австрија.


На дводневната работна средба  најбројни се  градоначалниците од земјите погодени од кризата  со бегалците, а учествуваат   и експерти, претставници од невладиниот сектор и бегалци. Се очекува да се понудат мерки, конзистентни политики и решенија кои ќе бидат спроведливи  во земјите погодени од бегалската криза. Заклучоците  засновани на начелата на демократијата и човечките права ќе бидат адресирани на национално и интернационално ниво.


На   конференција чиј покровител е „Кахане“ фондацијата од Австрија, учествуваат градоначалници, заменици градоначалници и претставници  на локални самоуправи од повеќе европски  и азиски земји.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *