Пронајдена бела прашкаста материја кај лице од Охрид

На 15.04.2024 во 19.30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода лице на (40) од Охрид.

При извршен преглед, кај него е пронајдена и одземена бела прашкаста материја, додека при претрес во неговиот автомобил „Шкода“ биле пронајдени и одземени дигитална вага и метален грендер.

  • Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што, пронајдени и одземени се предмети со остатоци од марихуана, од кафеава материја и од бела прашкаста материја и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.Лицето беше задржано во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.