Анкета: Силјановска Давкова со убедлива предност пред Пендаровски

Гордана Силјановска Давкова кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори ужива најголема доверба кај граѓаните. Анакетата на ИПИС за МРТВ во однос на претседателските кандидати покажува дека за Силјановска Давкова би гласале 24, 6 % , за актуелниот претседател и претендент за уште еден мандат , Стево Пендаровски 14 % ,за Бујар Османи би гласале 4,7 % ,За Арбен Таравари 5,7 %, за Максим Димитриевски 4,4 % , за Билјана Ванковска 3,5% и 0,7 % за Стевчо Јакимовски.

Телефонска анкета на ИПИС за потребите на МРТВ е спроведена кон крајот на февруари и почетокот на март на 6069 испитаници со маргина на грешка од +- 1%.