13-годишно дете од Србија загина од струен удар

13-годишно дете почина во понеделникот, околу 23 часот, на улицата Доситеева во Бачка Паланка, пренесуваат медиумите во соседството.

Како што пишува порталот „Бачка Паланка вести“, се се случило на бројот 29, во зграда во која никој не живеел.

На куќата виселе тековни електрични кабли и детето се фатило за нив.

Брзата помош добила повик во 23 часот и 12 минути, а на терен излегле во 23 часот и 15 минути. Бидејќи се било во напон, повикани биле и пожарникарите и ја исклучиле струјата за да му пријдат на момчето.

Лекарите се обиделе со реанимација, но безуспешно, пишуваат медиумите.