Мбапе го одби милијардискиот договор од Ал Хилал

Голем број на спортски медиуми како и добро познатиот Фабрицио Романо потврдија дека младиот француски репрезентативец, Килија Мбапе го одби најголемиот договор во спортска историја.
Покрај тоа што делегација од Ал Хилал вчера слета во Париз со цел да се потврди договорот, сепак Мбапе одлучил да не го потпишува договорот.
Сеуште не се знае следната дестинација на светско познатиот фудбалер Мбапе, но блиски извори до него велат дека веќе потпишал летен договор со Реал Мадрид.
Килијан Мбапе го одби Ал Хилал откако јасно стави до знаење дека нема да го продолжи договорот со Пари Сен Жермен, додека Телеграф објави дека ПСЖ е убеден дека францускиот репрезентативец ќе му се приклучи на Реал Мадрид следната сезона.
Весникот пишува :
„Килијан Мбапе го одби неговиот предложен премин од 260 милиони фунти во Саудиска Арабија, а извори блиски до разговори се повеќе се убедени дека тој ги договорил условите да се приклучи на Реал Мадрид следната година.