Влада-КОСТАЛ Групација: „КОСТАЛ Македонија“ со трет инвестициски циклус во Република Северна Македонија вредна речиси 50 милиони евра

Фолксваген, Шкода, Сеат, Ауди и Порше. Системите за полнење на овие светски брендови за сите хибридни и електрични возила ќе бидат произведувани во Република Северна Македонија. „КОСТАЛ Македонија“ ќе стане единствена глобална локација каде ќе се произведуваат овие системи за енергетска електроника, без разлика на тоа каде крајно се склопуваат автомобилите.

На средбата, директорот Мизо ја нагласи важноста на државната помош која „КОСТАЛ Македонија“ ја користи од првиот ден на своето постоење, и до сега има добиено финансиска помош во износ од 12,5 милиони евра, а во моментов во компанијата работат 1.020 вработени со просечна плата далеку над просекот во државата.

Дополнително „КОСТАЛ Македонија“ инвестира и во производство на најновите кровни модули кои ја користат последната SkinTec технологија која се користи за најексклузивните модели на Daimler како што се: Mercedes EQS, EQE, C + S CLASS, AMG SL.