Ковачевски: Не е време за прибирање политички поени, туку за заедничка работа за пребродување на енергетската криза

На покана од претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и владиниот тим, попладнево се одржа средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски и неговиот тим, на којашто се разговараше за справувањето со енергетската криза. По завршувањето на средбата премиерот Ковачевски одржа прес-конференција.

малите потрошувачи, 80% за домаќинствата и за малите потрошувачи 72%. Над 70 илјади компании кои што вработуваат до 50 вработени и кои што имаат промет до две милиони евра годишно.

Исто така сакам да ве информирам вас, а разговаравме и со претставниците на опозицијата дека продолжуваат разговорите коишто Владата ги има на билатерално ниво со соседните земји коишто имаат вишоци на електрична енергија, меѓутоа коишто, веќе зборувавме на претходната прес-конференција, заради низа законски ограничувања не можат да склучат во моментов договори за директно снабдување со електрична енергија. Исто така гледате дека и претседателот Прендаровски беше во Бугарија којшто исто така ги водеше тие разговори и на прес-конференцијата беа кажани истите постојни ограничувања коишто постојат меѓутоа исто така беше испратена јасна порака до претседателката на Европската комисија дека земјите од Западен Балкан вклучително и Северна Македонија очекуваме помош и поддршка од страна на ЕК во делот на справување и добивање на финансиски средства во однос на субвенционирање на цената на електричната енергија. Деновиве исто така се водат разговори на ниво на министри за енергетика во Европската комисија, доколку има некакви чекори во таа насока тогаш министерот за економија, тој ќе биде информиран истовремено кога ќе бидат носени тие одлуки и нормално дека ќе бидат споделени со јавноста.

Јас исто така ќе присуствувам на состанокот во Прага којшто ќе биде еден голем Самит на којшто ќе присуствуваат земјите на ЕУ, 27, меѓутоа и голем број на други држави коишто се во опкружувањето на ЕУ и каде што исто така ќе се разговара за проблемите со снабдувањето со електрична енергија. Сите знаете дека ЕУ се наоѓа во една исклучително тешка состојба, исклучително сложена состојба што се однесува на снабдувањето со електрична енергија, со енергенси, особено после протекувањата коишто се случија во гасоводите на Север, после последните одлуки кои што се случија од страна на Руската федерација во однос на војната со Украина, меѓутоа наша обврска е и наша должност да ги спроведеме сите активности коишто сме ги планирале со цел да имаме непречено снабдување со електрична енергија на територијата на цела држава. Во делот на топлинската енергија веќе ве информирав дека се работи забрзано на преземање на топланите, договорот денеска е потпишан. Обезбедување на енергенси и почнување на грејната сезона во Градот Скопје. Денеска топлана Север имаше пробно пуштање на своите корисници, според информации кои што ги имаме, меѓутоа јас не можам да зборувам за приватно правно лице, се работи за залихи стари коишто ги имаат на гас и веројатно можат да покријат затоплување од неколку дена, а доколку понатаму државата ќе обезбеди се што е во нејзина моќ да може да се обезбеди затоплување на Градот Скопје.“