iPhone 14 – Македонец треба да работи три месеци за да го купи

За да си го дозволат најновиот iPhone 14, граѓаните на Македонија треба да работат најмалку цели три месеци и да не трошат ништо од платата, под услов да заработуваат просечна државна плата. Тоа значи дека за еден телефон треба да работат нон стоп 90 дена или 720 часа или да издвојат четвртина (25,7 отсто) од просечната годишна плата. Ова значи дека најновиот модел на iPhone е понедостапен во земјава споредено со другите земји од регионот.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната плата во земјава во јули изнесувала 31.812 денари, ацените на iPhone14 во зависност од моделот се движат од 98.390 ден до 104.490 денари.

Црногорците за нов iPhone 14 треба да работат 381 час (47,65 дена) и да дадат 18,33 отсто од годишната плата, a Хрватите 213,57 часа (26,70 дена) и да издвојат 10,27 отсто од годишната плата.

На Словенците, во споредба со другите земји од регионот, iPhone 14 не претставува голем трошок, со оглед на тоа дека треба да се издвои 5,90 отсто од просечната годишна плата, или доволно е да работат вкупно 122,71 часа, што е малку повеќе од две недели.

Земјите од регионот, со исклучок на Словенија, се наоѓаат во првите 10 во Еврипа во кои е најтешко да се купи iPhone 14. Во таа група влегуваат и Ерменија, Турција, Бугарија, Романија и Унгарија.

Од друга страна, кога станува збор за Европа, но и светот, за граѓаните на Луксембург цената на новиот iPhone е ситница со оглед на тоа дека треба да издвојат околу 1,61 отсто од годишната плата за да го купат, за што треба да работат 33 часа или само нешто над 4 дена, следат Швајцарците и Норвежаните кои треба да издвојат по 1,67, односно 2,28 отсто од просечната плата. Американците треба да работат 38,23 часа (4,78 дена) и да издвојат 1,84 отсто од просечната годишна плата.

iPhone 14 најтешко можат да си го дозволат Нигеријците кои во просек за ова задоволство треба да работат 1.437 часа (178,71 дена) и да издвојат близу 70 отсто од годишната плата.

Извор: https://mk.bloombergadria.com