Доколку пратеник 3 дена не се појави на работа – ќе добие казна од 280 денари

Доколку ученик не се појави на час, му следува неоправдан, студентот кој нема да дојде на три вежби, не добива потпис и не може да завери семестар.

Вработен кој три дена не доаѓа на работа и не го оправда отсуството со лекарска белешка или друго, добива отказ

А дали и која мерка важи за пратениците во македонското Собрание коишто не се појавуваат на седници, иако се запишале како присутни во законодавниот дом?, пишува Нова ТВ.