Санкционирани 9 возачи под дејство на алкохол во Охрид

На 19.03.2022 и 20.03.2022 во периодот од 22:00 до 03:00 часот на подрачјето на СВР Охрид спроведена е контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возилa под дејство на алкохол.

Притоа, кај 16 возачи утврдено е дека управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-09, Струга-03, Кичево-02, Дебар-02).

Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.

Полициските службеници во Охрид регистрирале и санкционирале 15 возачи кои со своите возила извршиле непрописно престигнување.