Еднократен додаток за месеците март април,мај за најранливите категории граѓани

На денешната седница Владата ги утврди измените и дополнувањата на Законот за социјалната заштита за исплата на еднократен додаток за корисниците на гарантирана минимална помош, за да се ублажат последиците од економската криза и ценовниот шок предизвикани со пандемијата од КОВИД-19, како и од енергетската криза, во висина од 1.000 денари за месеците март, април и мај 2022 година, за најранливите категории граѓани.