Греењето на пелети стана НАЈСКАПО греење. Поевтино е да се греете на нафта.

Цените на пелетите ги „изгореа“ семејствата кои имаат камини на пелети

Рапиден скок на цената на пелетите ги доведе домаќинствата кои изминативе неколку години купиле камини на пелети ги ставија во крајно лоша состојба бидејќи за греење на еден мал стан ( помал од 50 метри квадратни ), ќе треба да потрошат над 9000 денари месечно.

Ваквата состојба предизвика лавина реакции по социјалните мрежи од граѓани кои купиле грејни тела ( камини ) на пелети за кои со години се креирала слика дека се поевтина опција од останатите грејни тела, но дури и тоа да било вистина ( а не било ) сега по се изгледа греењето на пелети е најскапа опција која ќе стави стотици фамилии на раб од егзистенција бидејќи греењето на пелети е убедливо нај скапа опција за домаќинствата и фирмите.

Една вреќа пелети во моментов се продава по цена од 269 до 300 денари за вреќа. Ако едно семејство троши минимум една вреќа пелети на ден тогаш за еден месец ќе мора да издвои 8,339 денари од нај евтините пелети кои се од најниска класа и најслаба калорична вредност ( даваат најмалку топлина ), а доколку потрошите една вреќа од пелетите од прва класа ќе потроши 9,300 денари.

Ако едно семејство троши две вреќи пелети на ден, од нај евтините тогаш ќе мора да извдои скоро 19.000 денари за еден месец што значи дека ќе дадат скоро една цела просечна плата.

ЦЕНИТЕ НА КАМИНИТЕ СКАПИ, ГРАЃАНИТЕ КОИ ПРЕМИНАА НА ПЕЛЕТИ „ИЗГОРЕА“

Нај евтините камини на пелети кои се продаваат на пазарот чинат 700 евра, а поскапите за парно и по неколку илјади евра. Доколку едно семејство има парно тоа мора да троши повеќе вреќи пелети, што пак значи дека едно семејство ќе мора да троши над 500 евра месечно за греење со парно на пелети, што го прави овој вид на греење нај скап од сите кои се нудат.