16 возила во Охрид упатени на технички преглед, неисправен уред за сопирање откриен кај автобус

На 04.11.2021 година од 09 до 14 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се сообраќајни контроли на возила што вршат јавен превоз на патници. Притоа, 69 возила се упатени во станици за технички преглед (Охрид-16, Струга-20, Кичево-28, Дебар-05) и кај два автобуси констатиран е неисправен уред за сопирање (Охрид-01, Дебар-01) поради што веднаш се исклучени од сообраќај