Денеска во Охрид нема новозаразени лица од КОВИД 19

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.550 тестирања, а регистрирани се 15 нови случаи со Ковид-19: Скопје – 10, Куманово и Дебар – по 2, Тетово – 1.

Регистрирани сe шест оздравени пациенти од: Скопје – 5 и Тетово – 1.

Не се регистрирани починати лица, соопшти Министерството за здравство.