Државниот Испитен Центар ќе ги соопшти резултатите од државната матура јуни 2021

 Директорката на Државен испитен центар Елизабета Наумовска денеска ќе ги соопшти резултатите од екстерните испити од државната матура јуни 2021 година.

Оваа учебна година за државната матура се имаа пријавено 15 294 матуранти. Од нив 7 050 од гимназиско образование, 7 983 од средно стручно образование и 261 од средно уметничко образование, информираа од Државниот испитен центар.