Фатиме Фетаи доживеала сообраќајка

Поранешната специјална обвинителка Фатиме Фетаи вчеравечер во Топанско поле доживеала сообраќајна незгода, пренесува порталот „ин7“.

Имено, насреќата меѓу две возила Поло и Сеат Ибица се случила на раскрсницата кај улицата Џон Кенеди, пишуваат албанските портали во земјата.

Според информациите, а како што пренесуваат медиумите, судирот не бил силен, направена е материјална штета и возачите се здобиле со лесни повреди.
Обвинителката, Фатиме Фетаи како што пишува ин7, со друго возило е однесена во болница на контрола, а нејзината состојба не треба да биде сериозна.

Фетаи била пренесена во Градската болница „Св. Наум Охридски“, по што била пуштена на домашно лекување.-На 25.06.2021 околу 00.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на ул.„Македонско Косовска“ и ул.„Џон Кенеди“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „сеат ибица“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(36) од Гостивар, со живеалиште во Скопје и патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ш.(55) од Тетово.

Во незгодата со повреди се здобила Ф.Ф., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информираат за МИА од МВР.