За период од 96 часа Македонците потрошиле околу 450.000 евра за јадење и пиење алкохол во познатите романски локали

Македонската навивачка фаланга овој јуни за првпат беше дел од едно Европско првенство во фудбал, а според податоците на романските власи за Јавни приходи и медиумите од оваа земја, домаќините од Букурешт вечно ќе ги паметат развеселените македонски фанови кои за првпат уживаа во еден голем турнир.

Според податоците кои пристигнуваат од главниот романски град, македонските навивачи воопшто не се штеделе во престолнината и понесени од фудбалската еуфорија, се погрижиле за формирање на бројки кои не можат да се споредат со ниту едни други навивачи кои исто така беа дел од групната фаза во Букурешт.

За период од 96 часа, Македонците потрошиле околу 450.000 евра за јадење и пиење алкохол во познатите романски локали, а проценките велат дека биле испиени три цистерни пиво, поради кои романските медиуми пишуваат дека угостителите и жителите од Букурешт, вечно ќе ја паметат македонската инвазија во нивниот град.