Починал маж- рекордер : Имал 38 жени, 89 деца и 36 внуци

76-годишниот старец, за кого се верува дека е глава на најголемото семејство на светот, починал во индиската држава Мизорам, јавува Би-Би-Си.

Зион Чан, шефот на религиозна секта што практикувала полигамија, починал вчера, оставајќи зад себе 38 жени, 89 деца и 36 внуци.

Веста ја потврдил главниот министер Мизорам Зорамтханг, кој изразил сочувство на Твитер. Наводно, Чан страдал од дијабетес и хипертензија.

Лекарите за новинската агенција ПТИ изјавиле дека неговата состојба се влошила во неговото село Бактавнг Тлангуам. Тој бил пренесен во болница вчера вечер, каде било констатирано дека е мртов по пристигнувањето.

Тешко е да се каже дали Чан навистина бил глава на најголемото семејство на светот, бидејќи има и други кои ја тврдат титулата.

Исто така е тешко да се процени точниот број на членови на неговото семејство. Најмалку еден извештај тврди дека тој имал 39 жени, 94 деца, 33 внуци и едно правнуче, што е 181 лице.

Иако во различни локални вести го нарекуваат светски рекордер по големината на семејството, не е јасно за кој рекорд станува збор. Но, без оглед дали станува збор за светски рекорд или не, Чан и неговото семејство се своевидна локална атракција, која привлекува туристи во селото во североисточна Индија.