sovet online

Сдсм заедно со Вмро ја изгласаја точката за паркинзите во рамките на градежна парцела

Сдсм заедно со Вмро Дпмне гласаа за точката број 34 , советниците на ДУИ , БЕСА и ТДП не гласаа .

Точката беше за регулирање на паркирањето во рамките на градежните парцели.

Предлог- Одлука за начинот и постапката на регулирање на паркирањето во рамките на  градежна парцела.

– Никогаш не била спорна поддршката на оваа одлука вклучително и за минатата седница, и навистина мислиме дека ова е еден крупен чекор во правење ред на охридските улици и во начинот на кој што ќе се регулира паркирањето во рамките на градежните парцели. Така да ќе ја поддржиме и со задоволство ќе го обезбедиме мнозинството за носење на оваа одлука, истакна Коњаноска.