Зошто ПСЖ е против проектот “СУПЕРЛИГА”

Проектот Суперлига, неславно пропадна само два дена по објавувањето на промоцијата, откако клубовите под закана на УЕФА, незадоволството на играчите и немирите на навивачите почнаа да го напуштаат.

Во тоа натпреварување, планот беше, да учествуваат Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид, потоа Арсенал, Челзи, Тотенхем, Ливерпул, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед и Јувентус, Милан и Интер. Тие поканија уште три клуба да им се придружат во проектот со кој тогаш ќе управувале тие 15 основачи. Уште пет клуба би се квалификувале во таа лига врз основа на резултатите во националните шампионати пред таа премиерна сезона.

Меѓу големите клубови кои од почетокот беа против идејата беа Баерн и ПСЖ. Баерн побрза да каже дека останува на страната на УЕФА и дека ги поздравува реформите во Лигата на шампионите и ги смета за вистински чекор во развојот на европскиот фудбал.

Зошто беше против Суперлигата, објасни и претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи, во интервју за АФП.

„Супер лигата не го бранеше интересот на навивачите. Промените може да се изучуваат, но не со оддалечување од традицијата секој клуб да има шанса да ги носи своите соништа. Сите екипи мора да имаат можност да се борат еден ден во најважното натпреварување и сето тоа под покровителство на УЕФА. Лигата на шампионите е силен бренд кој треба да се брани, но сите ние мора да се прилагодиме на новиот пазар, како на национални, така и на меѓународни натпреварувања“, рече претседателот на ПСЖ.