balev

Др.Балевски : Сметам дека сите треба да се вакцинираат затоа што само така ќе ја победиме пандемијата

Директорот на Општата болница во Охрид Горан Балевски изрази задоволство од текот на процесот на имунизација и одѕивот на граѓаните.

Засега вакцинирањето во Пунктот во Охрид се одвива со кинеската вакцина „Синофарм“, а досега немало случаи на несакани реакции или компликации.

– Одѕивот е добар и најголем дел од пријавените доаѓаат да примат вакцина. Во еден ден неодамна имавме 1400 пријавени, а се јавија 1300. Дел не доаѓаат бидејќи го прележале Ковид 19, а има и такви кои бараат да се вакцинираат со друга вакцина, од разни причини, патувања и слично, но сметам дека сите треба да се вакцинираат затоа што само така ќе ја победиме пандемијата, изјави тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *