Градоначалникот Георгиески со честитки за избраните членови на функции во СДСМ

Голема благодарност до мојата сопартијка Радмила Шеќеринска која осум години беше заменик претседател на #СДСМ. Шеќеринска со своето искуство реализираше низа успешни политики како на меѓународен така и на домашен план.Воедно им честитам на новата заменичка претседателка Сања Лукаревска и потпретседателите на партијата Оливер Спасовски, Мила Царовска, Фатмир Битиќи и Венко Филипче и им посакувам многу успех во извршувањето на задачите и обврските. Исто така му го честитам реизборот на Љупчо Николовски за генерален секретар на партијата и на Мартин Попов за организациски секретар.Искрено верувам дека со нивната заложба и посветеност ќе носат мудри одлуки кои ќе бидат во полза на граѓаните, напиша во својата ФБ објава Георгиески.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *