zaev

Заев: Бајрам Шериф Мубарек Олсун – „Нека биде благословен и честит празникот!“

Го честитам големиот муслимански верски празник Рамазан Бајрам на членовите на Исламската верска заедница и на сите граѓани кои го чествуваат празникот, во име на Владата на Република Северна Македонија и во мое лично име.

Крајот на постот и благодетите стекнати за време на месецот на одрекувањето и воздржувањето, нека ве украсат со дух на трпение, несебичност и дарежливост.

Овие светли денови во духот на празникот Рамазан Бајрам, како одговорни граѓани кон себе, кон своето семејство и кон државата, да ги почитуваме здравствените препораки и врз начелата на почитување и солидарност да продолжиме по европскиот пат што го избравме, здружено и единствени.

Дозволете ми да ви посакам празничните денови да ги поминете во слога и во спокојството на домот, во добро здравје и духовна сила!

Бајрам Шериф Мубарек Олсун – „Нека биде благословен и честит празникот!“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *