гоце делчев

МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА ВО ЗАЕДНИЧКИ ПРОЕКТ ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Македонскиот и бугарскиот државен архив засилено работат на идејата, на виделина да ги изнесат сите материјали напишани од историски значајните личности за двете земји. Писма, документи, фотографии од Илинденскиот период се на едно место.

Планот е да се најдат во едно заедничко издание кое треба да биде готово наредната година, кога се слави 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Во збирката, меѓу останатите сведоштва, треба да се најдат и 33 писма напишани од Делчев кои се чуваат во македонскиот архив, но место во обемната колекција ќе најдат и писмата од Софија.

Крстевски и неговиот бугарски колега Груев оваа идеја ја негуваат веќе две години. Директорот на македонскиот архив вели дека за застојот во реализацијата е виновна пандемијата, а не влошените односи меѓу двете земји. Тој потенцира дека во моментов е запрена соработката и со архивот во Белград, од каде Македонија исто така очекува значајни историски писанија.

Објавувањето на сведоштвата во ваков заеднички проект ќе придонесе за затоплување на односите меѓу двете земји, а ќе биде и значајна алатка за историчарите, вели Крстевски.

Како нареден заеднички проект со бугарскиот архив паралелно ќе се спроведува уште една активност. Имено, директорите на двата за објавување заедничка Збирка на значајни историски фотографии за Балканот од крајот на 19-от и почетокот на 20-от век.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *